SPOS logo
  • Bulgarian
  • Croatian
  • English
  • French
  • German
  • Hungarian
  • Macedonian
  • Romanian
  • Russian
  • Serbian
  • Slovenian
  • Spanish

SPOS
Savez pčelarskih organizacija Srbije

SPOS Ul. Dr Agostina Neta 30 A, 11070 Novi Beograd [email protected] 011/61-28-071 060/444-0-121 060/444-0-124 060/444-0-287

ПРОГРАМА ЗА ВТОРИОТ ПЧЕЛАРСКИ САЕМ НА ЈУГОИСТОЧЕН БАЛКАН



Datum objavljivanja vesti:
Broj pregleda: 3.490

Во Спортската сала на Градот Врање на 22 септември 2018 година, ќе се одржи Вториот пчеларски саем на југоисточниот Балкан (Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Црна Гора) во организација на СПОС, со поддршка на Градот Врање и TO на Врање, a во соработка со Здружението на пчелари „Maтицa“ од Врање. Влезот за сите заинтересирани пчелари, како и за граѓаните – потрошувачи на пчеларски производи е бесплатен.

 

ВТОР ПЧЕЛАРСКИ САЕМ НА

JУГОИСТОЧЕН БАЛКАН

 

СО MEЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

 

(Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Црна Гора)

 

Спортска сала на Град Врање

 

Датум: 22 септември 2018 година

 

Работно време: 9-19 часот

 

 

 

 

БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА СИТЕ

 

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ИЗЛОЖУВАЧИТЕ И ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ ВО ДВОРОТ НА СПОРТСКАТА САЛА

 

СОСЕМА БЕСПЛАТНИ ШТАНДОВИ ЗА ИЗЛОЖУВАЧИТЕ

 

ДУРИ 40% ПРОМОТИВЕН ПОПУСТ НА КОТИЗАЦИЈА ЗА ИЗЛОЖУВАЧИТE

 

(НEMA плаќање на 14,4 eвра по квадрат за штандовите како на Државниот пчеларски саем во Белград)

 

ПРЕКРАСЕН ПРОСТОР НА СПОРТСКАТА САЛА НА ГРАДОТ ВРАЊЕ

 

 

 

ПРОГРАМА НА САЕМОТ:

9.00 Почеток на продажната изложба

 

10.30 СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА САЕМОТ

              – Градоначалник на Врање Слободан Миленковиќ

              – Претседател на СПОС Родољуб Живадиновиќ

 

11.00 ТРИБИНА ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТАТА НА ПОГОНОТ ЗА СОБИРАЊЕ И ПЛАСМАН НА МЕД НА ПЧЕЛАРИТЕ НА СПОС „НАШ МЕД“ дoo

              – Претседател на СПОС Родољуб Живадиновиќ

              Директор на Погонот „Наш меддoo Радивоје Ранковиќ

              Референт на СПОС за развојни работи Ненад Портиќ

              Присутните пчелари по воведните презентации ќе може да им поставуваат прашања на учесниците на трибината

 

12.00 Стручни пчеларски предавања:

              Предавач: Д-р сц. МАЈКЛ Л. СМИТ (MICHAEL L. SMITH) од САД, американски истражувач, молекуларен биолог

 

PhD Мајкл Л. Смит (Michael L. Smith) е американски истражувач и пчелар практичар, во моментов на постдокторски студии на Констанц (Konstanc) Универзитетот во Германија на Max Planck институтот, на одделението за колективно однесување. Докторски студии завршил на Универзитетот Корнел, во државата Њујорк, на Одделот за невробиологија и однесување (Department of Neurobiology and Behavior/Cornell University), под менторство на проф д-р Томас Сили (Thomas Dyer Seeley) чие интервју неодамна можевте да го прочитате во списанието „Српски пчелар“, a oсновни студии на Универзитетот Принстон во областа на молекуларна биологија. На Универзитетот Корнел работел и како асистент и гостин предавач, a бројни одлични предавања за однесување на пчелните семејства и пчелните болести одржа ширум Америка и Европа. Според зборовите на неговиот професор и ментор на докторатот, проф д-р Томас Сили (Thomas Dyer Seeley), нашиот предавач Мајкл Л. Смит (Michael L. Smith) не само што е одличен научник, туку е и одличен пчелар практикант.

Во фокус на неговите истражувања и научни трудови, воглавно е однесувањето на пчелните заедници во различни околности и степени на развој за пасење на пчелите, oд тоа како собираат храна, како се однесуваат за да спречат недостаток на вода, како одлучуваат пчелите кога ќе почнат или нема да почнат градење на трутовско саќе и легло, кои фактори влијаат на тоа пчелните семејства да преживеат во дивина, како заедницата ја проценува развојната фаза во која се наоѓа и во зависност од тоа ги насочува не само својот опстанок и пораст, туку и репродукција, до изучување на влијанието на паразитите врз пчелите, првенствено ноземози и вароа и начинот на нивното пренесување. Секако, за пошироката јавност најинтересното истражување коешто го спровел, и кое привлекло големо медиумско внимание, е тоа околу утврдување на степенот на болка по убод на пчела во зависност од местото на телото, за што 2015 година доби Иг Нобелова награда, за хумористични и невообичаени научни достигнувања. Неговите трудови објавени се во повеќе научни и пчеларски списанија, меѓу кои најпознати се: American Bee Journal, Apidologie, Bee Culture, Animal Behavior, Cosmos…

 

Добро подгответе се за неговото предавање, темите на неговото предавање се повеќе од интересни, но потоа, преку дискусија можете да поставувате прашања од било која област на пчеларството, како би ги дознале најновите научни ставови за проблемот којшто е предмет на Вашето интересирање. Досега сме немале гостин предавач од ваков калибар, со толку широко пчеларско знаење, како од научен аспект, така и од аспект на практичното пчеларство.

 

              12.00 Teмa: Залетување и налет на пчели на пчеларникот и нивно влијание на успешноста на Вашето практично пчеларство (вашето друштво не е тоа што мислевте дека е)“

              13.30 Teмa: Управување на пчелите со трутовско саќе, до сега непозната функција на трутовското саќе, како и одредување на моментот кога почнуваат да градат трутовско саќе (сезонски смени и неизвесна иднина)“

              Преведувач: Mиодраг Петровиќ, Крагујевац

              14.30 Прашања и одговори

19.00 Свечено затворање на саемот и на продажната изложба

              Претставникот на Градот Врање ќе им додели благодарници на сите учесници, како и дипломи за најубав штанд и за најдалечен изложувач

 

 

MORATE BITI ULOGOVANI DA BISTE VIDELI KOMENTARE