SPOS logo
  • Bulgarian
  • Croatian
  • English
  • French
  • German
  • Hungarian
  • Macedonian
  • Romanian
  • Russian
  • Serbian
  • Slovenian
  • Spanish

SPOS
Savez pčelarskih organizacija Srbije

SPOS Ul. Dr Agostina Neta 30 A, 11070 Novi Beograd [email protected] 011/61-28-071 060/444-0-121 060/444-0-124 060/444-0-287

СИТЕ ЗА ВРАЊЕ: ПРОГРАМА ЗА ПРВИОТ ПЧЕЛАРСКИ САЕМ НА ЈУГОИСТОЧЕН БАЛКАН НА 16. СЕПТЕМВРИ



Datum objavljivanja vesti:
Broj pregleda: 4.662

Во Спортската сала на Градот Врање на 16. септември 2017. година, ќе се одржи Првиот пчеларски саем на југоисточниот Балкан (Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Црна Гора) во организација на СПОС, со поддршка на Градот Врање и TO на Врање, a во соработка со Здружението на пчелари „Maтицa“ од Врање. Влезот за сите заинтересирани пчелари, како и за граѓаните – потрошувачи на пчеларски производи е бесплатен.

 

 

ПРВ ПЧЕЛАРСКИ САЕМ НА

JУГОИСТОЧЕН БАЛКАН

СО MEЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

(Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Црна Гора)

Спортска сала на Град Врање

Датум: 16. септември 2017. година

Работно време: 9-19 часот

 

 

БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА СИТЕ

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ИЗЛОЖУВАЧИТЕ И ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ ВО ДВОРОТ НА СПОРТСКАТА САЛА

СОСЕМА БЕСПЛАТНИ ШТАНДОВИ ЗА ИЗЛОЖУВАЧИТЕ

ДУРИ 40% ПРОМОТИВЕН ПОПУСТ НА КОТИЗАЦИЈА ЗА ИЗЛОЖУВАЧИТЕ

ПРЕКРАСЕН ПРОСТОР НА СПОРТСКАТА САЛА НА ГРАДОТ ВРАЊЕ

(преку 1300 квадрати изложбен простор плус сала за предавања со 400 седиштa)

 

 

ПРОГРАМА НА САЕМОТ:

 

9.00 Почеток на продажната изложба

10.30 СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА САЕМОТ

              – Министер за земјоделство Бранислав Недимовиќ

              – Градоначалник на Врање Слободан Миленковиќ

              – Претседател на СПОС Родољуб Живадиновиќ

11.00 ТРИБИНА ЗА ПОДДРШКА НА ДРЖАВАТА НА ПЧЕЛАРСТВОТО ВО СРБИЈА

              – Министер за земјоделство Бранислав Недимовиќ

              – Претседател на СПОС Родољуб Живадиновиќ

              – Присутните пчелари по воведните презентации ќе може да им поставуваат прашања на учесниците на трибината

12.00 Стручни пчеларски предавања:

              Предавач: Д-р сц. МАРКО ПИЕТРОПАОЛИ (MARCO PIETROPAOLI) од Рим (Италијa), италијански истражувач, биолог, Институт за експериментални истражувања во областа на превенција на болестите на животните во регионот на Лацио и Тоскана (Istituto Zooprofilattico Sperimentale delle Regioni Lazio e Toscana). Има и сопствен пчеларник oд 80 кошници.

Неговиот истражувачки интерес ги опфаќа сите аспекти на пчеларството, но најмногу се занимава со проучување на патогени и паразити на пчели (вароа, ноземози, мала кошнична буба, пчелни вируси). Најголемиот број на истражувачки проекти кои резултираа со исклучителни публикации во реномирани научни списанија, се однесуваат на тестирањето на новите препарати и методи за сузбивање на вароа и ноземи. Aкарицидните препарати кои ги испитувал се на база за веќе познатите состојки (мравја, оксална, и други киселини) но во форма на разни комерцијални формулации (Mite Away Quick Strips®, MAQS™ гел, Api-Bioxal, TO BEE®). Ја испитувал ефикасноста на органските акарициди при различни начини на апликација (преку сублиматорот Varroglass®, со примена на кафез кој обезбедува отсуство на легла, со комбинација на третмани со тимол (препаратот Apiguard® и техниката на затворање на матицата во кафез во борбата против вароза), но и со хомеопатскиот препарат „Phosphorus 30 CH“). Кога станува збор за ноземи, ја испитувал ефикасноста на природните препарати Api Herb® и Vita feed Gold® во превенција и контрола на ноземози. Како член на меѓународната организација COLOSS (Prevention of honey bee COlony LOSSes) чија цел е спречување на губење на пчелни семејства, активен е во рамките на секцијата која се занимава со контрола на вароа.

              12.00 Teмa: Успешно сузбивање на вароа во Италија и нашите истражувања за ефикасноста на широкиот спектар на препарати против вароа

              13.30 Teмa: Нашите истражувања во сузбивање на болестите на пчелите

              Преведувач: Проф. Д-р. Јевросима Стевановиќ, ФВМ Белград

              14.30 Прашања и одговори

19.00 Свечено затворање на саемот и на продажната изложба

              – Претставникот на Градот Врање ќе им додели благодарници на сите учесници, како и дипломи за најубав штанд и за најдалечен изложувач

 

 

УСЛОВИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА ИЗЛОЖУВАЧИТЕ

можете да ги видите ТУКА

MORATE BITI ULOGOVANI DA BISTE VIDELI KOMENTARE