SPOS logo
  • Bulgarian
  • Croatian
  • English
  • French
  • German
  • Hungarian
  • Macedonian
  • Romanian
  • Russian
  • Serbian
  • Slovenian
  • Spanish

SPOS
Savez pčelarskih organizacija Srbije

SPOS Ul. Dr Agostina Neta 30 A, 11070 Novi Beograd [email protected] 011/61-28-071 060/444-0-121 060/444-0-124 060/444-0-287

ШЕСТИ ПЧЕЛАРСКИ САЕМ НА ЈУГОИСТОЧЕН БАЛКАН „OTВОРЕН БАЛКАН“ 



Datum objavljivanja vesti:
Broj pregleda: 2.720

СОЈУЗОТ НА ПЧЕЛАРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА СРБИЈА 

ГРАД ВРАЊЕ

 

во соработка со 

СОЈУЗОТ НА ПЧЕЛАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

СОЈУЗОТ НА ПРОФЕСИОНАЛНИ ПЧЕЛАРИ НА ГРЦИЈА 

СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ПЧЕЛАРИ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА 

НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ПЧЕЛАРИ НА АЛБАНИЈА

со поддршка од

ДРУШТВОТО ПЧЕЛАРИ „MATИЦA“ ВРАЊ

 

oрганизираат 

 

ШЕСТИ ПЧЕЛАРСКИ САЕМ

НА ЈУГОИСТОЧЕН БАЛКАН

„OTВОРЕН БАЛКАН“ 

 

(Северна Македонија, Грција, Република Српска, Албанија, Бугарија, Турција, Црна Гора)

Спортска хала на Град Врање

Датум: 23 септември 2023 година

Работно време: 7-19 часот 

 

БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ И БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ  

 

 

ПРОГРАМА НА САЕМОТ

 

9.00 Почеток на продажната изложба

10.30-11.00 СВЕЧАНО ОТВОРАЊЕ НА САЕМОТ

              – Градоначалник на Град Врање, Слободан Миленковиќ

              – Претседател на СПОС, д-р мед. Родољуб Живадиновиќ

              – Претставник на Република Србија  

11.00-11.15 КУЛТУРНO-УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА

11.15-11.45 TРИ ГОДИНИ РАБОТА НА ПОГОНОТ ЗА СОБИРАЊЕ И ПЛАСМАН НА МЕД ОД ПЧЕЛАРИТЕ НА СПОСНАШ МЕДдoo, УСЛОВИ ЗА ПЛАСМАН НА МЕДОТ, ИСКУСТВА И ПЛАНОВИ 

              – Ненад Портиќ, директор на Погонот за собирање и пласирање мед на пчеларите на СПОС „НАШ МЕД“ д.о.о. 

11.45-13.15 СТРУЧНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ПЧЕЛАРСТВО

РОЏЕР ПАТЕРСОН (ROGGER PATERSON), Западен Сасекс, Велика Британија, претседател на BIBBА (Асоцијација за унапредување на пчелите и пчеларите)

Роџер Патерсон од Западен Сасекс, Велика Британија е искусен пчелар практичар, предавач и автор на бројни книги од областа на пчеларството. Со пчеларство се занимава од јуни 1963 година со околу 130 друштва. Ги проучува практичните аспекти на пчеларството, фокусирани на едноставното пчеларство, кое вклучува одгледување на матици и подобрување на квалитетот на пчелите. Ги охрабрува пчеларите да користат методи кои не се вообичаена пчеларска практика, како што е, на пример, одгледување матици со еден помалку застапен метод или методот „Вејкфорд“ за контрола на ројот. Тој ги охрабрува пчеларите да ги разберат своите пчели, за да можат правилно да се грижат за нив. Креатор е еден вид на отворена мрежаста подница, една со даска за слетување и една без, кои лесно може да се направат од рециклирано дрво.

Тој е претседател на BIBBA (Асоцијација за унапредување на пчелите и пчеларите) која промовира домашни, сродни со домашните и локално прилагодени пчели. Тој е поранешен член на Извршниот одбор на Британската Асоцијација на пчелари и потпретседател на осигурување од пчелни болести, како и организатор на предавања за Централното здружение на пчелари и Националната изложба на мед. Автор е на книгата „Пчеларство. Практичен водич“.

Teмa 1: „ШТО НЕ Е ВО РЕД СО НАШИТЕ МАТИЦИ

Преглед на актуелните проблеми со матиците и некои предложени начини за решавање на истите. И покрај негирањата на некои експерти, многу пчелари ширум светот доживуваат необјаснети неуспеси со матиците, како што е, меѓу другото, исчезнување на матиците и замена ма младите матици во текот на летото. Таквите проблеми во голем број се појавија на почетокот на овој век. Поновите пчелари го гледаат проблемот, но не сфаќаат дека тој е природен. Направено е мало истражување и најдоброто што може да го направи еден пчелар е да ги препознае симптомите и согласно тоа да управува со своите пчели. Предавањето дава примери на реални случаи, дури и наназад неколку години во нивното разгледување.

Teмa 2: „METOДА НА РОЏЕР ПАТЕРСОН ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ ДРУШТВА НА ПЧЕЛАРНИКОТ

На професионалните пчелари и на пчеларите со искуство често им е потребно постојано снабдување со нуклеусиза да можат да применуваат различни напредни пчеларски техники. Оваа тема покажува метод, каде што од едносилно друштво коа излегло од зимата, во случај на добри услови, до следното презимување може да се создадат десет или повеќе квалитетни друштва. Автор е и на книга со идентичен наслов.

 

 

MORATE BITI ULOGOVANI DA BISTE VIDELI KOMENTARE